Герасимовски: Ветувањето е исполнето, финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари


Пензионерите во социјален ризик од Општина Центар годинава ќе добиваат еднократна финансиска помош од 5.000 денари, двојно повеќе од досегашните 2.500 денари. Општината објави јавен повик за доделување на средствата.

Градоначалникот Горан Герасимовски изјави дека со ова се исполнува ветувањето од предизборната програма, нагласувајќи дека целта е да им се помогне на повозрасните сограѓани во покривањето на секојдневните трошоци.

Право на помош имаат корисниците на старосна, семејна или инвалидска пензија, како и лицата што добиваат социјална сигурност за стари лица, доколку имаат постојано живеалиште во Општина Центар и месечните примања по овој основ не надминуваат 28.050 денари.

LANDOV Стефан Николовски за театрите: Продуцираме премногу актери, а нема каде да играат
За пријавување се потребни пополнето барање, копија од лична карта и копија од трансакциска сметка. Пензионерите треба да достават и доказ за примена пензија за јули или август 2026 година, односно пензиски чек или потврда од банката. Корисниците на социјална сигурност за стари лица треба да приложат потврда или решение од Центарот за социјална работа – Центар.

Барањето може да се подигне во Архивата на Општина Центар, во барака 6, или да се преземе од општинската веб-страница. Документите се поднесуваат секој работен ден, од 8:30 до 13 часот, во барака 6 – Сала на Советот на Општина Центар, исклучиво во писмена форма. Барањата испратени по електронски пат или по пошта нема да бидат разгледувани.

Back to top button
Close