Незадоволство во РТС, се бара разрешување на директорката и уредниците на информативната програма


Дел од вработените во Радио-телевизија Србија (РТС), обединети во неформалната група „Наш протест“, бараат итно разрешување на генералната директорка Мања Грчиќ и оставки од целото раководство на јавниот радиодифузен сервис.

Преку објава на „Инстаграм“, групата побарала посебна одговорност од уредниците на информативната програма, наведувајќи дека треба да се преземе одговорност за објавените вести, прилози, разговори, емисии и дневници.

„Бараме итни и неотповикливи оставки од целото раководство, а особено од уредниците на информативната програма на РТС. Време е за одговорност“, се наведува во објавата.

LANDOV Стефан Николовски: Салата „Борис Трајковски“ чини над 10.000 евра, трошоците се огромни
Од групата порачале дека не смее да се дозволи луѓето за кои сметаат дека го довеле РТС на најниско професионално и медиумско ниво да поминат без последици.

Во меѓувреме, главниот и одговорен уредник на РТВ1 Војводина, Ненад Чачиќ, поднел оставка, објави „Нова.рс“. Според информациите на медиумот, оставката следувала по разговорите меѓу вработените, претставниците на синдикатот и генералниот директор на телевизијата, Горан Караџиќ.

Back to top button
Close