Честитка од Синдикат на Полиција во Македонија по повод 8-ми Септември
“Слободата и независноста не ни беа подарени. Од првиот ден на независноста како држава се соочуваме со двојни стандарди, со предизвикот да се движиме по необележан пат, за нас како полициски службеници низ годините на независност се соочуваме со предизвици во кои не важеле правилата на работно загарантирани односи.
Како Синдикат никогаш нема и не се откажувавме, не отстапуваме од нашата праведна цел – да градиме безбедна, стабилна, демократска и развиена, европска и евроатлантска Полиција. Ќе продолжиме да ја негуваме вековната традиција на соживот и на прифаќање и почитување на различноста.
Чувањето на независноста е наша обврска, без оглед што носи времето. Ќе има и предизвици, но и нив сплотени ќе ги надминеме. Имаме енергија за многу нови потфати. Да ја направиме Македонската полиција, европска полиција да се избориме и тоа можеме да го оствариме само со единство и одговорност, на кое не потсетува и денешниот голем ден.”
Нека ни е честит 8-ми Септември , Денот на независноста на Република Македонија!“