Трамп: Претставниците на Пентагон сакаат да водат војни за производителите на оружје да бидат среќни

– Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека претставниците на Министерството за одбрана сакаат да продолжат да водат војни за производителите на оружје да бидат „среќни“.

Трамп на прес-конференција во Белата куќа вчера повторно негираше дека наводно кажал дека американските војници кои го загубиле животот на бојното поле биле „губитници“.

-Не велам дека војската е заљубена во мене. Војниците се, рече Трамп.

Тој, меѓутоа, додаде „лидерите на Пентагон веројатно не се (заљубени) затоа што тие не сакаат ништо друго, освен да војуваат, па сите оние прекрасни компании што прават бомби, прават авиони и се друго, да бидат среќни“. сд/

Back to top button
Close