Осуденик во затвор успешно заврши средно образование

Осуденик, кој својата казна ја издржува во затворот во Охрид, успешно заврши средно обвразование, иако се наоѓа зад решетки.
-Успешно завршено средно образование од страна на осудено лице во рамки на ресоцинализација во КПУ ЗАТВОР ОХРИД. Овој голем чекор напред е резултат на континуираната и успешна соработка со МОН и РЦСОО “Ванчо Питошески” Охрид.
Упатуваме голема благодарност до професорите од средното училиште за нивната посветеност и безрезервна поддршка за реализација на овој процес. Учењето не познава граници!, информираа од Управата за извршување на санкции.







