Австралиските медиуми веќе немаат дописиници од Кина
– Последните двајца австралиски новинари од медиумите што известуваа од Кина ја напуштија оваа земја откако полицијата ги повикала на информативни разговори, потврдија денеска австралиската Влада и австралискиот државен јавен сервис Еј-Би-Си.
Новинарите Бил Биртлиз од Еј-Би-Си и Мајкл Смит од „Финансиски магазин“ вчера се вратија од Шангај во Сиднеј, пренесуваат американските медиуми.
Медиумите тврдат дека во последните денови од престојот во Кина двајцата новинари побарале засолниште во австралискиот дипломатски комплекс затоа што кинеската полиција минатата недела дошла пред вратата на Биртлиз, барајќи од него да дојде во полициската станица на распит и притоа му наредила да не ја напушта Кина.
По преговорите меѓу австралиските и кинеските официјални лица договорено било Биртлиз да добие дозвола да ја напушти земјата доколку одговори на поканата за информативен разговор.
-Разочаран сум што ја напуштив Кина на ваков начин, но имам олеснување што се вратив во мојата земја, во која владее правото, рече Биртлиз по пристигнувањето во Сиднеј. сд/