Стано за евентуална кандидатура на Косово: ЕУ прима само признати држави
– Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, денеска посочи дека во случајот на Косово, не се исполнети сите потребни услови за евентуалното барање за кандидатура на Приштина во ЕУ да биде „сериозно разгледано“ во Брисел.
– Секој може да направи што сака, но реално, кандидатура се поднесува и сериозно се разгледува само доколку исполнувате одредени критериуми, а еден од нив е дека сте признати како држава од сите земји-членки. Без тоа, не можете да започнете вистински процес, рече Стано.
Неговото појаснување е одговор на прашањето на албанските новинари за тоа дали неговата изјава и неможноста на кандидатурата на Косово за членство во ЕУ е од политичка или правна природа.
– Тоа е животен факт: ЕУ прифаќа само признати држави како членки, заклучи Стано.