Сообраќајот утрово се одвива по влажни коловози, од вчера задолжителна зимска опрема
Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

Како што соопштуваат од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Автомотото сојузот потсетува дека од вчера (15.11.2026 година) започнa законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2027 година.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево






