„Таквата одлука забрзо ѝ се удри од глава“: Адвокатот Драган Пешевски за бегството на Ива Михаилова во Бугарија
Адвокатот Драган Стари Пешевски се огласи во врска со случајот на Ива Михаилова, тврдејќи дека таа имала можност да преземе одговорност и да се соочи со правдата, но одлучила да замине во Бугарија.

Според неговата објава, Михаилова имала можност да биде ослободена, а таква можност, како што наведува, сè уште постои. Тој оценува дека нејзината одлука да ја избере Бугарија била донесена самостојно, без присила од кого било, и додава дека последиците од тој избор набргу станале очигледни.
Пешевски нагласува дека Михаилова сè уште нема правосилна осуда.






