Вештакот на Обвинителството за „Државна лотарија“, каде што го гонат Груби: Не констатирав повреда на постапката за јавна набавка


Не сум констатирала повреда на постапката во јавната набавка“, изјавила вештакот Анита Поповска за време на судењето за случајот „Државна лотарија“, каде што била вкрстено испрашувана од одбраната на Перпарим Бајрами, Артан Груби и уште шестмина обвинети.

Во текот на испрашувањето, одбраната се фокусирала на вештачењето изготвено за Јавното обвинителство во јуни годинава, како и на документацијата што била земена предвид при неговата подготовка.

Поповска изјавила дека не пронашла покана и дневен ред за седница на Собранието на акционери во врска со информацијата на Државна лотарија за самостојно организирање електронски игри на среќа.

Таа посочила и дека при изготвувањето на вештачењето не ги имала предвид другите мислења на Министерството за финансии, ниту други седници на Владата, договорот на Државна лотарија со „Казино Австрија“, како и измените на Законот за игрите на среќа.

Според презентираните информации од вештачењето, постапката започнала во декември 2022 година, кога биле предвидени финансиски план и план за јавни набавки, кој вклучувал и инвестициски план.

Во февруари 2023 година Владата го одобрила истиот план, додека кон крајот на мај Министерството за финансии дало согласност за информацијата на Државна лотарија.

Во јуни информацијата била усвоена, но без донесување одлука. Според изнесеното на судењето, Владата во конкретниот случај постапувала во својство на Собрание на акционери, поради што немала надлежност да донесе одлука во таа форма.

Back to top button
Close