Грипот забрзано се шири во Македонија: За една недела бројот на заболени пораснал за 37,5 проценти

Грипот забрзано се шири во Македонија, а најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) покажува дека бројот на новозаболени за една недела пораснал за 37,5 проценти. Во периодот од 9 до 15 ноември биле пријавени 154 случаи, наспроти 112 во претходната недела.

Според ИЈЗ, ова е првата недела од актуелната сезона во која е надминат прагот на вонсезонска активност, а на национално ниво грипот веќе достигнал ниско, односно сезонско ниво на активност, објави 4news.mk.

Најмногу заболени се регистрирани во Тетово – 49, потоа во Скопје – 38 и Куманово – 19. Во Радовиш се пријавени 12 случаи, во Велес осум, а во Гостивар седум.

LANDOV Горан за заминувањето во Германија: Преку агенција отидов, но останав на улица
Најпогодена е возрасната група од 15 до 64 години, со 102 заболени. Меѓу новите случаи има и 22 лица постари од 65 години, 16 деца до четиригодишна возраст и 14 деца на возраст од пет до 14 години.

Од почетокот на сезоната 2026/2027 се пријавени вкупно 609 случаи, што е за 6,7 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата сезона. Тетово и натаму е на врвот со 198 регистрирани заболени.

LANDOV Горан тврди дека добил смртни закани ако јавно проговори за случајот со брат му
Лабораториските анализи потврдиле четири примероци позитивни на грип, од кои три се инфлуенца А без утврден подтип, а кај еден е потврден подтипот А(H3). Регистрирани се и три позитивни резултати на коронавирус.

Од ИЈЗ потсетуваат дека вакцинацијата е најефикасната заштита од сезонскиот грип, особено за повозрасните лица, децата, хронично болните, бремените жени и здравствените работници. Досега бесплатна вакцина примиле 25.458 лица од ризичните категории.

Заинтересираните граѓани можат да закажат термин за вакцинација преку интернет-страницата vakcinacija.mk. објави Скопје1.мк

Back to top button
Close