Лукашенко: Зад протестите во Белорусија стојат САД и „ситната буржуазија“

 Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко смета дека протестите во таа земја ги организирале САД, кои, како што тврди, работат преку центри во Полска и Чешка, како и класата „ситна буржоазија“ што се појави во Белорусија, изјави новинарот на Русија 1 Евгениј Рожков, кој правел интервју со белорускиот претседател.

Рожков рече дека тоа е ставот на претседателот на Белорусија на прашањето кој е заинтересиран да го поддржи протестното движење и „од која страна очекувал и се уште очекува да се појават проблеми“.

Според него, Лукашенко „верува дека, пред сè, Американците стојат зад сè, дека дејствуваат низ центрите во Полска и Чешка“, но исто така верува дека има и внатрешни причини, пренесува ТАСС.

– Една од причините е фактот дека две нови генерации пораснаа во Белорусија, формирајќи класа на мала „буржоазија „која сака моќ“, рече Рожков, потенцирајќи дека тоа се зборови на Лукашенко./

Back to top button
Close