Граѓаните да не паркираат возила под дрвја поради најавен засилен северен ветер
Поради најавата на УХМР за засилен северен ветер во текот на попладневните часови, ЈП „Паркови и зеленило“ упати предупредување до граѓаните да преземат мерки за лична безбедност.

Од претпријатието советуваат возилата да не се паркираат под дрвја, а граѓаните да избегнуваат задржување во близина на висока вегетација поради опасност од паѓање дрвја и кршење гранки.






