Приведен 41-годишникот кој заедно со татко му претепа доктор и медицинска сестра
Еден од двајцата осомничени за физички напад врз лекар и медицинска сестра пред здравствена установа во скопската општина Аеродром е приведен.

Според информациите од МВР, на 21 ноември, во 19:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ј. К. (41) од Скопје.
Претходно, околу 17:30 часот, тој и неговиот 62-годишен татко, С. К., по претходно недоразбирање, физички нападнале лекар и медицинска сестра.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.






