Скандал во Турција: Приведена познатата Ферхунде од „Кога лисјата паѓаат

Познатата турска актерка Дениз Чакир, која македонската публика ја памети по улогата на Шах Султан во популарната серија „Сулејман Величествениот“ и Ферхунде од „Кога лисјата паѓаат“, е приведена во голема полициска акција во Истанбул.

Акцијата е дел од обемната истрага што ја води истанбулското обвинителство, а која опфаќа сомневања за проституција, трговија, набавка, поседување и употреба на наркотични средства.

Турските власти издале наредби за приведување на вкупно 35 лица, од кои досега се приведени 24.

Меѓу приведените се и познатиот турски актер и пејач Озџан Дениз, актерката Бурџу Озберк и телевизискиот водител Мурат Џејлан.

Back to top button
Close