Во странство го потврдувате на англиски, кажете го и дома на македонски: Жерновски бара извинување од Мицкоски
25.11.2026 13:48
215 Читање помалку од 1м
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, на денешната прес-конференција побара од премиерот Христијан Мицкоски да им се извини на граѓаните за, како што рече, повеќегодишното убедување дека со Преспанскиот договор се изгубени македонскиот јазик и идентитет, оценувајќи дека премиерот во странство на англиски јазик го потврдил спротивното и дека истото треба да го каже дома на македонски јазик.
Жерновски наведе дека поранешните тврдења на Мицкоски и најавите за поништување на Преспанскиот договор по доаѓањето на власт биле спротивни на подоцнежните изјави на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, министерот Тимчо Муцунски и самиот Мицкоски, тврдејќи дека македонскиот идентитет и јазик се зачувани и потврдени во Обединетите нации благодарение на политиките на СДСМ.

Осврнувајќи се на повикувањата на Мицкоски на Фројд и концептот на проекција, Жерновски го посочи и интервјуто на премиерот во кое, како што цитираше, рекол дека можат да нарачаат текст во кој било портал, оценувајќи го тоа како втор пример на, како што се изрази, фројдовско признание.






