Франција одложи посета на министри на Москва
– Посетата на француските министри на Москва е одложена, додека европските сили бараат одговори од Русија во врска со откритието на германските лекари дека Алексеј Навални е отруен.
Франција претходно најави дека министерот за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан и министерката за одбрана Флоренс Парли ќе ја посетат Москва, додека претседателот на земјата се обидува да ја ублажи недовербата што постои меѓу Русија и Западот. Сепак, оваа посета сега е одложена.
– Со оглед на сегашните околности и по размената со руските власти, француско-рускиот совет за безбедносна соработка е одложен за подоцнежен датум, изјави портпаролот на француското Министерство за надворешни работи.
Француското Министерство за одбрана во четвртокот на Твитер потврди дека состанокот ќе се одржи на 14 септември, како што беше планирано. Сепак, Ле Дријан за време на викендот побара од Русија да објасни како е отруен Навални и посочи дека разговорите нема да имаат кредибилитет доколку се водат во сегашната клима.