На Кипар ќе се тестираат за Ковид-19 5.000 млади лица во барови, ресторани и молови
– За да се добие појасна слика за епидемиолошката ситуација во земјата, Министерството за здравство на Кипар ќе спроведе 5.000 тестирања за Ковид-19 на лица меѓу 18 и 40 години во простори каде што се создаваат гужви, како што се барови, ресторани, трговски центри и молови, универзитети итн, јави дописничката на МИА од Атина.
Одлуката доаѓа откако во изминатите седмици било констатирано дека големиот број позитивни на коронавирусот се млади лица, а во повеќето случаи асимптоматски.
Тестирањата ќе ги вршат мобилни единици во простори каде што се создаваат гужви, а од Министерството за здравство на Кипар ги повикуваат лицата од 18 до 40 години да учествуваат во лабораториските анализи.