Јанез Копач за МИА: Производството на електрична енергија е либерализирано, регулаторот повеќе не одлучува за цената на струјата
– Директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница (ЕЗ) Јанез Копач во интервју за МИА говори за стручноста на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), зголемувањето на цената на електричната енергија за 7,4 отсто, барањето за нејзино намалување за 46 отсто, мерките за заштита на потрошувачите од КОВИД-19, обврските на земјава кон ЕЗ, најекономичниот начин за загревање на домовите.
Господине Копач, по донесувањето на одлуката за поскапување на цената на електричната енергија за 7,4 отсто во земјава се организираа повеќе протести на кои се бара распуштање на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и формирање на независно тело. Како го оценувате ова барање, д
– Регулаторната комисија за енергетика на Северна Македонија (РКЕ) е независен енергетски регулатор што работи транспарентно и професионално и се смета за најдобар регулатор две години по ред во рамките на сите девет Договорни страни на Енергетската заедница. Поради својата висока репутација, претседателот на РКЕ Марко Бислимоски беше избран за претседател на Регулаторниот ддбор на Енергетската заедница (EЦРБ), тело што ги претставува сите регулатори на Енергетската заедница. Минатата година, РКЕ исто така аплицираше да стане набљудувач на Агенцијата на ЕУ за Соработка на енергетските регулатори (АЦЕР). Услов за ова е позитивното мислење на Секретаријатот за независноста и работата на РКЕ и нашата оцена беше позитивна. Освен регулаторот од Црна Гора и Норвешка, РКЕ ќе биде единствениот набљудувач на оваа институција на ЕУ. Ова е чест за Северна Македонија.
Не можам да проценам дали зголемувањето од 7,43% беше точно вистинското, но верувам дека независната РКЕ со своите познавања донела правилна одлука.
– Верувам дека има многу недоразбирање, можеби од некои луѓе и намерно. Во Северна Македонија, либерализирано е и производството на електрична енергија, како и голем дел од пазарот на мало. Регулаторот повеќе не одлучува за цената по која продаваат електрична енергија компании за производство, вклучително и ЕЛЕМ, ниту, пак, одлучува за конечните цени за големите и средните потрошувачи. Слободен пазар за поголеми потрошувачи постои од 2008 година. Регулирани компоненти во цените на крајните корисници се тарифите за дистрибуција и пренос на електрична енергија.
Во согласност со законодавството на Енергетската заедница, РКЕ се уште ги регулира цените на крајните корисници за домаќинствата како мерка за заштита на оваа категорија потрошувачи од преголеми зголемувања на цените. Оваа регулатива треба да ги земе предвид и да ги рефлектира трошоците. Не може само да се следат желбите на некои политичари. Имајќи го предвид нивото на цените на крајните корисници во Северна Македонија, во споредба со регионот, каде само во Србија и Косово цените се пониски поради политичка интервенција и имајќи предвид дека вашата земја е нето увозник на електрична енергија, намалување на цените на домаќинствата за 46 отсто би било целосно нереално. Со агендата за декарбонизација на ЕУ, не само што електричната енергија ќе се користи се повеќе како извор, туку исто така мора да биде зелена, т.е. да доаѓа од обновливи извори. Ова ќе бара постепено укинување на производството на електрична енергија од јаглен во Битола, постепено укинување на субвенциите за јаглен, како и воведување цена за јаглерод. Ова во иднина ќе бара се поголемо зголемување на цените на електричната енергија а не намалување.
– При одредување на цените, регулаторот ги разгледува различните и понекогаш спротивставени цели – либерализација на пазарот на електрична енергија наспроти неопходноста за заштита на потрошувачите на електрична енергија. Во исто време, владите се тие кои што мора да гарантираат пристап до електрична енергија, вода (и гас) за сите граѓани и да ги разгледаат можностите за помагање на потрошувачи со ниски приходи.
Македонското законодавство вклучува правила за енергетска сиромаштија што и дозволуваат на државата да субвенционира одреден дел од сметките за електрична енергија за најранливите категории. Може да се воведат дополнителни обврски за извршувње на јавни услуги за проширување на овој опсег и заштита на граѓаните кои се директно економски погодени од кризата КОВИД 19, но државата не треба да ги субвенционира сметките за електрична енергија на највисоко платените менаџери и други високо платени лица, кои сега имаат корист од се уште нереално ниските цени.
– Нашите оцени се дека по неколку години одложување, Северна Македонија се залага за обезбедување ефикасна имплементација на правната рамка на ЕУ со импресивно темпо, почнувајќи од усвојувањето на Законот за енергетика во 2018 година. Вашата држава го спроведе целото законодавство и го реформираше секторот за електрична енергија во согласност со правилата на ЕУ. Исто така, обезбеди операторот на системот за пренос на електрична енергија, МЕПСО, да биде сертифициран безусловно според правилата на ЕУ. Со донесување на Закон за енергетска ефикасност на почетокот на 2020 година, Северна Македонија го усогласи националното законодавство за енергетска ефикасност и интензивно работи на негово спроведување и усвојување на секундарната легислатива.
Покрај тоа, неодамна усвоената долгорочна стратегија за енергетика утврдува три сценарија, од кои зеленото сценарио – не само што го декарбонизира секторот за електрична енергија, туку се очекува да биде и најефективно сценарио. Северна Македонија е исто така најнапредна од сите Договорни страни на Енергетската заедница во изработка на Националниот план за енергетика и клима. Досега е прва и единствена Договорна страна што официјално достави нацрт на својот Национален план за енергетика и клима до Секретаријатот и побара нејзино разгледување и мислење пред усвојувањето. Дури и некои земји-членки на ЕУ се уште го немаат финализирано овој процес.
Сепак, има неколку отворени прашања што очекуваме новоназначената Влада да ги финализира што е можно побрзо. Една од нив е се уште тековниот процес на назначување на таканаречен номиниран оператор на пазарот на електрична енергија (НЕМО) што е предуслов за воспоставување берза на електрична енергија и спојување со бугарската берза ИБЕКС. Друго прашање е што од Северна Македонија се очекува да го измени новоусвоениот Закон за стратешки инвестиции донесен во јануари 2020 година, бидејќи тој не ја транспонира во целост регулативата за енергетска инфраструктурата.
Посуштинско прашање е се уште нераздвоенииот и несертифициран оператор на системот за пренос на гас. Додека реформите во секторот електрична енергија се напреднати, нерешениот спор поврзан со сопственоста на операторот на системот за пренос ГА-МА продолжува да ја кочи реформата на секторот за гас. Ова спречува раздвојување на преносниот операторт и ја доведува во опасност навремената изградба на гасниот интерконектор со Грција. Решавањето на спорот со Макпетрол и преземање сопственост и контрола од страна на државата во ГА-МА е предуслов за раздвојување и сертифицирање на операторот за гас во согласност со правилата на ЕУ и за финансирање на нов интерконектор со Грција од страна на Европската инвестициска банка (ЕИБ). Спорот помеѓу Владата и Макпетрол беше решен во Центарот за решавање спорови на Енергетската заедница и очекуваме Владата да го спроведе постигнатиот договор што е можно поскоро.
– Како што објаснив погоре, цените на електричната енергија не се очекува да се намалат, туку да се зголемат во иднина. Сепак, природниот гас исто така не е единственото решение. Најдобра енергија е онаа што не ја користиме. Масивната изолација и другите мерки за енергетска ефикасност, плус употребата на сонце како извор на енергија преку соларни панели и котли, како и топлински пумпи ќе бидат подобри од масивната гасификација.