Потпретседателот на ЕК заминува итно за Грција по пожарот во Мориа
Европската Комисија како и претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, изразија длабоко жалење за пожарот кој избувна во бегалскиот камп.
-Длабоко сум погодена од синоќешните случувања во бегалскиот кампа Мориа во Грција, твитна претседателка фон дер Лајен додавајќи дека Комисијата е подготвена да помогне и дека приоритет ќе бидат лицата кои останале без засолниште.
Слична порака на солидарност упати и Мишел на Твитер истакнувајќи дека е во контакт со грчките власти и ЕУ стои на располагање да помогне на терен.