Истраги во Франција: Коњи пронајдени со ископани очи, исечени уши и осакатени гениталии

Истражителите отворија повеќе од 150 истраги за серија убиства и осакатувања на коњи низ Франција, изјави францускиот министер за земјоделство.

„Имаме неприфатлива ситуација на апсолутно суров чин“, рече министерот Жулијан Денорманди за радиото „Франс Инфо“, објави „Ројтерс“.

„Слушам страв, загриженост, немир кај сопствениците на коњи“, рече тој и додаде дека сопствениците на коњи имаат на располагање бесплатен број.

Полицијата соопшти дека немаат поим зошто се случуваат нападите врз коњите, кои се пронајдени со отсечени уши, ископани очи, и осакатени гениталии.

Back to top button
Close