Триесет проценти парична помош за штетите во Ресенско
Владата ќе обезбеди парична помош за покривање 30 отсто од штетите во општина Ресен настаните по елементарните непогоди.
Како што одлули на денешната седница, Министерството за финансии треба да подготви Одлука за одобрување средства од Буџетот на државата, а Општина Ресен во рок од 30 дена од добивање на средствата треба да достави Извештај за нивна распределба до Владата и до Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата од елементарни непогоди.
Владата го усвои предлогот од Комисијата дека штетите во Општина Македонски Брод не се од поголем обем.