Лампард не чувствува притисок поради големите трансфери
Менаџерот Френк Лампард изјави дека не чувствува никаков дополнителен притисок врз себе по летните трансфери, кои го чинеа тимот од Лондон повеќе од 200 милиони фунти. Тој објасни дека менаџерската позиција во Челси секогаш носи тензија, бидејќи целта на клубот и неговите навивачи е само титулата.
– Изненаден сум што мислите (кон новинарите) дека не бев под притисок минатата година. Јас всушност работам подобро во таква средина. Дури ми се допаѓа. Јас не сум тука за да играм за четвртото место или само за да им помогнам на децата да се развиваат. Јас сум тука за да победувам. Минатата година немаше начин да направиме трансфери, па ги сторивме сега. Ние се обидуваме да го смениме целиот пејзаж тука и ние сме подготвени да работиме за да ги постигнеме нашите цели, изјави менаџерот и поранешен играч за врска на Челси пред првиот натпревар за новиот сезона против тимот на Брајтон.
Тој додаде и дека сега се многу поблиску до фаворитите во изминативе години, Ливерпул и Сити и знае што е потребно за освојување на титулата.
– Сити и Ливерпул беа далеку пред останатите во последните неколку години, но се надевам дека ќе ги стигнеме. Ова се очекувањата на навивачите и на тимот, но не сакаме да брзаме затоа што можеме да направиме грешки. Нормално е да се врши притисок врз мене затоа што вистинската работа започнува сега, додаде тренерот.