Заев најави ребаланс и нов пакет за поддршка на компаниите

Премиерот Зоран Заев на денешниот настап на МТВ најави ребаланс на буџетот. Тој посочи дека државата има на располагање 150-200 милиони евра, но, како што рече, ќе бидат потрошени зависно од потребите. Тој најави уште еден пакет на мерки за поддршка на компаниите.

-Ќе следи лепеза на мерки, ако компаниите се стабилни ќе има кој да го полни буџеот… Државата има свој резервор во девизните резерви обезбедени од кредитите. Веќе се скрати една милијарда од непродуктивни трошоци, се што беше неопходно беше одложено. Трет елемент се заштедите, на пример нема настава и не треба да се плаќа превоз на ученици. За да се регулира сето тоа ќе има ребаланс – рече Заев.

Тој апелираше сите изречени казни, реферирајќи на оние што користеа државна помош во ковид-кризата а не ги исполнија обврските кон вработените, да се извршат.

Back to top button
Close