Батшуаи се врати во Кристал Палас
Белгискиот фудбалер Мичи Батшуаи следната сезона ќе игра за Кристал Палас како позајмен играч од Челси.
Така Батшуаи се враќа во „Селхерст Парк“, каде постигна шест гола на 13 натпревари за време на претходната позајмица, во втората половина на сезоната 2018/19. 26-годишниот напаѓач пристигна во Челси во 2016 година од тимот на Марсеј кога потпиша петгодишен договор.
Покрај првиот заем во Палас, тој беше на позајмица во Борусија Дортмунд и Валенсија.
Кристал Палас ќе има опција да го откупи договорот на крајот на сезоната.
Batsman Returns. #CPFC | https://t.co/utMcYSDkhb pic.twitter.com/9n3xHPhsy2
— Crystal Palace F.C. (@CPFC) September 10, 2020