Израел изведе воздушен напад врз Алепо, сириската ПВО уништила повеќе истрелани ракети
) – Израелски борбени авиони рано утринава истрелале ракети врз предградија на Алепо, во северна Сирија, соопштија сириските државни медиуми.
Државната агенција САНА даде малку детали за нападот, но, сепак, наведе дека сириската противвоздушна одбрана ги соборила повеќето ракети, пред тиа да стигнат да ги погодат целите.
На последниот ден од август беа нападнати јужните предградија на Дамаск и притоа загинаа двајца војници, а седуммина други беа ранети.
Израел многу ретко ги коментира ваквите извештаи, но се верува дека во текот на изминатите години има извршено неколку напади, бидејќи се противи на иранското воено присуство во Сирија.
Само во последните три месеци Сирија го обвини Израел дека извршил најмалку девет воздушни напади на нејзина територија.
Израел го смета Иран за регионална закана и вети дека ќе спречи какво било трајно иранско воено зајакнување во Сирија, особено долж границата. Во последните месеци израелските власти изразија загриженост дека Хезболах, проиранска либанска екстремистичка организација која дејствува во Сирија, се обидува да изгради објекти за производство на прецизно наведувани ракети. сд/