Штипската Клиничка болница има потреба од 55 нови вработувања
Штипската Клиничка болница има потреба од 55 нови вработувања. Директорот на болницата, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека планот за 2021 година ќе го достави до ресорното министерство.
-Потребни ни се пет млади лекари, додека останатите 50 вработувања се за медицински сестри, болничари, физиотерапевти, но и администрација, појасни Ѓеорѓијев.
Голем дел од работните места се испразнуваат со пензионирање, па е потребно да се пополнат.
-На огласите кога ги распишуваме има интерес и од младите лекари и од медицинскиот персонал, се јавуваат не само од Штип, туку и од целиот источен регион, додаде директорот.
Штипската Клиничка болница ќе побара и специјализации за 2021 година и тоа за инфектолог, невролог, педијатар и ушен лекар.