МЗТ Скопје побара итно свикување Собрание на АБА за прием во елитата

Управата на МЗТ Скопје Аеродром денес упати официјален допис до АБА-лигата и до сите екипи кои настапуваат во прволигашката конкуренција од ова натпреварување, со цел да се свика итен состанок на Собранието на АБА на кое би се разговарало за најавеното откажување на Копер Приморска и на кое само би се потврдила веќе донесената одлука за влез на „сино-белите“ меѓу најдобрите на просторот на поранешна СФРЈ.
Во продолжение го пренесуваме во целост соопштението на МЗТ Скопје:
–
Како клуб, чија главна цел секогаш била играње во елитното јадранско друштво, се надеваме дека ќе го прифатите нашиот апел и ќе поддржите свикување итен состанок на Собранието на АБА ЈТД, на кое само формално ќе биде потврдена одлуката за прием на МЗТ Скопје Аеродром. Тоа, секако, би било прифатено со еуфорија не само од нашите навивачи, туку и од целата спортска јавност во Македонија, која со нетрпение сонува да ги види своите миленици како играат против најсилните клубови од регионот, стои во дописот до АБА-лигата.






