Заев во Атина – 17 години подоцна!?

Официјално, како што соопштуваат од неговиот Кабинбет, старо – новиот премиер Зоран Заев е во “дводневната работна посета на Атина и учеството на конференцијата на „Економист“ на тема „Европа: Зајакнување на кохезијата во турбулентни времиња“.
Да не бараме влакно во јајцето, со ламенти на тема: Дали Заев се сретнал со Мицотакис, на маргините на панелот посветен на иднината на Западен Балкан на Конференцијата на угледниот магазин „Економист“,или пак, обратно: на маргините од средбите со Мицотакис и протоколарниот прием кај претседателката Катерина Сакеларопулу, учествувал на тркалезна маса со грчки владини претставници и учесници од регионот на тема: „Европа: Зајакнување на кохезијата во турбулентни времиња“ за брз и ефикасен излез од кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19!?

На конференцијата на „Економист“ во Атина, од наша страна учествуваат и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции – Фатмир Битиќи, заменик-претседателот задолжен за европски прашања – Никола Димитров, како и и министерот за надворешни работи – Бујар Османи.
Заев во Атина – 17 години подоцна!?
Пред скоро две децении, случајот сакаше, како дел од македонската делегација предводена од тогашниот премиер Бранко Црвенкоски, во Атина, да учествувам на истата, тогашна Конференцијата на угледниот магазин „Економист“, на која, домаќин беше Дора Бакојани, тогаш, во својство на градоначалничка на Атина.
Главниот град на Атина беше преоран. Стаситата,црномуреста Дора, надежна политичарка од кланот Мицотакис, градеше метро, ја подготвуваше грчката метропола за претстојниот светски спортски настан број 1.
Во тоа време дипломатските односи ни беа на ниво на канцеларии. Прв дипломат во Канцеларијата беше професорот, подоцнежен дипломат, брадестиот Благоја Ханџиски – Ханџо, претходно, генерален секретар на СДСМ.
Мојот сограѓанин, дипломатот од кариера Цветко, мој, Дебрчански тврди дека тој прв го подигнал знамето на Република Македонија, на балконот од нашето прво дипломнатско претставништво во Атина. Ова му доаѓа нешто како Трет Омир, односно Омир Трети! После Прличета, се разбира.
Беше тоа пред четврт век, веднаш по осамостојувањето на нашата татковина. Што остана, а што се смени,во меѓувреме, до денеска?
Заев во Атина – 17 години подоцна!?
Се разбира многу вода протече низ матниот Вардар, пардон Аксиос!
Се “сменија!” домаќините. Тогаш, нам, домаќин ни беше ќерката, a денеска е синот на стариот Мицотакис, пријателот и “сосед!” на “србијанскиот“ тогашен пртетседател,. Слободан Милошевиќ!?
Заев тврди дека се сменале и приликите (и неприликите), дека тој денес таму е звезда на Конференцијата, се изнадавал интервјуа.
Некои ги погледнав и самиот.Има промена: напреднал во познавањето на англискиот јазик. Штета што не ја искористи приликата да ни покаже дека не го заборавил и македонскиот !
Многу вода протече и низ СДСМ. Го нема Бранко на политичката сцена, ја нема и Наташка, додека јас, самиот, доброволно абдицирав од членството. Но, затоа, пак, тука е Оливер на кого му го предадов абдикативното писмо.Тука нема промена. Нема промена, зациментирана е и Радмила, која, преку Марјан попот, побрза да се “домогне!” до партиската абдикација, те, брзо-брзо, да ја преточи, препеa, како оставка и оп – до вечерта, експресна одлука на Владата со која “се прифаќа оставката на Веле Митаноски, на функцијата директор на Агенцијата за информации на Република Македонија”! Ова, колку да ги измериме нивото и свеста, по прашањето на демократичноста!
Го нема и Марјан – попот, Мацко!
Го нема, освен, ако не е тука некаде (можеби и во Грција, во приватната резиденција!), тогашниот премиер Владо Бучко. Се можел да разбере, како даскал и шетан човек, се, освен едно: како после толку “добрини!” што ми ги направил, сум можел да гласам да не го поапсат на Богородица, кога во 2007 година, се враќаше од Грција!?
Е, има разлика! Поради разликата помеѓу мене и тебе Владе, гласав така во парламентот.
Гласав и за договорот од Преспа.Едноставно – не го преспав!
Бидејќи сме на теренот на Елините, денешните, уште едно појаснување. Во поимањето на старите Грци, од древната Елада, во годините, спагам во последната категорија на граѓани: оние што, според тогашната терминологија, биле во последното животоно доба (до 88 години!), старечкото, односно СЛАБЕЧКОТО доба.
Од нас во СЛАБЕЧКОТО доба, се бара да не ги преспиваме нешатата.
Заев во Атина – 17 години подоцна!? На вас оставам да проценувате, дали овие СЕДУМНАЕСЕТ (17) години, во македонско – грчките односи, ги изедоа скакулци, односно каде сме ние, реално, после 17 години: во живиот простор, или, пак, во црната космичка дупка!? Што се смени, во временскиот простор, измегу престоите на нашите двајца премиери (Црвенкоски и Заев), на независна и суверена, денеска – Северна Република Македонија!?
Веле Митаноски






