Ѓока задоволен од изданието на неговите избраници против премиерлигашот Тотенхем

Тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока изрази задоволство од вечерашниот настап на неговиот тим против англискиот фудбалски великан Тотенхем. Гостите од Лондон победија со 3:1.

  • Одигравме добар натпревар, посебно во второто полувреме кога на моменти бевме подобри од големиот фаворит. Не е лесно да се игра со ривал како Тотенхем. Сепак, моите играчи добро се движеа, постигна и еден гол, а направивме и неколку изгледни позиции. И покрај поразот, јас сум задоволен од прикажаното на моите играчи и горд сум на нив, изјави Ѓока.

Шкандија го заврши настапот во евро-куповите со две победи на гостински терен и вечерашниот пораз во 3. квалификациско коло за групната фаза во Лига Европа.

Back to top button
Close