Ја ангажирале како чистачка, таа им украла накит и го продала во Тетово

Жена од тетовското село Палатица доби кривична пријава затоа што, додека била работно ангажирана во куќа ви Желино и стан во Тетово, украла накит од споствениците и го продала во Тетово.

„СВР Тетово расчисти две кражби на златен накит извршени во април годинава во Тетово и тетовско Желино и поради основи на сомнение дека ги извршила кривичните дела до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против 55-годишната Х.А. од тетовска Палатица. Х.А. се сомничи дека во куќа во Желино и стан во Тетово, каде била работно ангажирана, од нивните сопственици противправно одзела златен накит, кој го продала во златарница во Тетово за сума од 760 евра. Накитот е пронајден и вратен им е на сопствениците“, велат од МВР

Back to top button
Close