А бре Македонче, кога, веќе, еднаш, ќе пораснеш во вистински М А К Е Д О Н Е Ц!?

А, бре, Македонче, Македонче – новинарче, Македонче – политичарче, Македонче – научничулче, Македонче, Македонче…кога, веќе, еднаш, ќе пораснеш во вистински М а к е д о н е ц!?

А, бре, Македонче, новинарче и уредниче: до кога весниците и телевизиските минути ќе ги трошиш за тоа што рекла некоја будалетинка од источната “страна”? Што досега од оној, кому и кумот му го згрешил името, си слушнал нешто паметно, нешто исправно? Како може еден, со сурат на булдог, да биде ем – красив, ем – моротворец!? Како можеш од тој опскурен лик, да очекуваш питома реч, благост во изразот, пријателство во намерата…?

Зарем не јасно како ден, зарем не се гледа и од авион, дека е тоа само еден типичен егземплар на арамија, кој со сет глас се раздерува: држ те го, фатете те го арамијата!? Тоа е само еден алчен и стрвен волк, заседнат на изворот (на парите од каде купува Македончиња!?), а јагнето (МАКЕДОНИЈА) , далеку некаде подолу – му ја мати водата!?

Оној што шири омраза и со самото свое појавување, со самиот израз во очите и на суратот, повикува: “од оваа страна да не се шири омраза!”. Оти сме биле “сашти като исти!”. Бре мајката, па подобро сите да се испоубиме, ако сме “сашти като исти” со овој неранимајко!

Наивно е, вели, “да се очекува промена на позицијата на неговата земја по изборите на пролет”. Да, наивно е, навистина е наивно. Затоа што тој ова го кажува, само за да запечали некој изборен глас повеќе, кај сеуште неосвестениот дел од братскиот бугарски народ. Да, наивно е, затоа што само со неговото непроменување, нема да дојде до “промена на позицијата на неговата земја по изборите”!

Но, подеднакво и од негова страна е наивно да верува (и да не уверува нас, истовремено залажувајќи го бугарскиот народ), дека нема да дојде и до “евентуален притисок од американската администрација на новиот претседател Џо Бајден”. Е, за тоа, малку морген, братко!

Зошто? Затоа што таквите со твојот акал во Бугарија, ја поставија земјата во своевиден автогол позиција. И кога станува збор за Македонците со европски (има разлика- не се тоа бугарски!) пасоши, и кога е во прашање македонското малцинство во Бугарија! Едноставно – си ја имате и си ја ишкате мувата од капата, дури и кога станува збор за членот 11 од ставот 5 на договорот: ”Република Македонија потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, со цел заштита на статусот и правата на лица што не се државјани на Република Македонија.”

И за тебе – толку. Само, со уште една молба, уште еден апел до колегите (ако веќе тоа ниту сакам ниту можам да им го порачувам на политичарите и политикантите – олеснувачи!), конечно ДА ТЕ ТРАТАТ! ДА ТЕ ОСТАВАТ НА СРАМНАТА СТРАНА НА ИСТОРИЈАТА, ВО ПОЛИТИЧКОТО ЃУБРИШТЕ НА БАЛКАНИТЕ!

Сега малку за нашите внатрешни “вопроси”, за нашите срамови. За нашите продадени души, за нашите ОЛЕСНУВАЧИ, кои, откако овде прописно не ОЛЕСНИЈА, од нашите, народните пари – овде, сега не ОЛЕСНУВААТ заседнати во скапите бугарски хотели, со свита околу себе, користејќи ги услугите на нашиот, Македонскиот КИЦ во столицата, плаќан со наши, народни пари.

Македонските медиуми, однародените по социјалните мрежи, не прашуваат за што се, се трошат нашите пари од ОЛЕСНУВАЧОТ во Софија (знаете што е ОЛЕСНУВАЊЕ во народниот жаргон – целата приказна со него ќе заврши само како едно ДЕБЕЛО СРАЊЕ!?) , туку влегоа во хајка против нашата врвна научна институција и против првиот нејзин човек – претседателот на МАНУ, охриганецот по потекло, акдемик Љупчо Коцаре.

Да се разбереме: има академици и академици. Ние самите имаме академици – бивши политичари, денешни профитери, актуелни КУМОВИ на срамната и КРИМИНАЛНАТА приватизација, КРАЖБАТА НА ВЕКОТ, на нашиот заеднички имот. Прашајте кој и на која функција беше во владата на Анте Марковиќ, креаторот на законот за приватизација, и се ќе ви биде јасно.

Но, да се обвинува, денеска, академик Коцарев за распродажба на националните интереси, само затоа што сака да внесе малку разум и рационалност во нашите “коридори” кон источната “страна”, поплочени со златните подлоги од Деветтиот круг на Данте Алигиери, е далеку од умот.

Да, имаме академици и академици. Но, ако ние на Балканите имаме барем тројца вистински, француски академици (една од земјите со најмногу ум, но со најмалку академици по глава на жител!), тоа се Коцарев, од мојот Охрид, тоа е првиот човек на САНУ – по мајка од соседна Струга, за мене драгиот познаник, Владимир С. Костиќ, тоа е починатиот бугарскиот академик Стефан Воденичаров. За жал-толку!

Каде беше академик Коцарев, додека некои други “величини” од МАНУ ја кумуваа кражбата на векот? Беше дел од работниот тим и на Универзитетот Калифорнија во Сан Диего, САД. Бешеедитор на 6 книги и автор на 6 патенти одобрени во САД и во Европа. Зад него стојат трудови во повеќе од 140 публикации во списанија со фактор на влијание, повеќе од 10 публикации во меѓународни и домашни списанија без фактор на влијание, и повеќе од 150 публикации во зборници на рецензирани трудови од меѓународни и домашни конференции….

А, што стои зад нас?

Да се напише денеска дека академик Коцарев “нема никакво достоинство, затоа што се откажал, си го издал деда си – Илија Коцарев!”, е национално предавство, срам, незнаење, неопитност. Наше, а не негово. Еве, самите, прочитајте што за него пишува (превземено од Википедија) ,ама, внимавајте, на бугарски јазик:

Илия Коцарев е български революционер, охридски войвода на Вътрешната македоно-одринска революционна организация, активист на Вътрешната македонска революционна организация и Българските акционни комитети, адвокат и общественик.През 1926 г. е избран за член на окръжното ръководството на ВМРО в Битоля заедно с Кръстьо Франчев и Евгени Попсимеонов.[1] След разгрома на кралска Югославия през 1941 г. застава начело на българския акционен комитет в Охрид. По късно е избран за кмет на града. Критикува дейността на комунистическите партизани между които е и неговият бивш стажант – адвокат Петре Пирузе. На съдебен процес в Охрид, през ноември 1941 г. български военен съд осъжда задочно Пирузе на смърт чрез обесване

Ете кои сме ние! А, Љупчо Коцарев, всушност, нема никаква, ама – баш никаква, допирна точка со овој Коцарев. Ниту по корен, ниту по идеологија, ниту по национално чувство. Тој Илија, не бил дедо на Љупчо, ниту пак Љупчо е син на Димко Коцаре. Тоа се “баби и жаби!”, ништо повеќе!

Академик Коцарев не е напаган затоа што “дедo му Илија имал пробугарски чувства”, туку затоа што академикот има изградено чувство за правилна оценка на моментот. Коцарев, во “ѓаволското!” интервју за Слободен пачат, во одговорот на прашањето: зошто сме таму каде што сме, а тоа е – ЗА НИКАДЕТ, вели:

-Tоа се случи, во голема мера, поради внатрешните политички превирања, отсуството на владеење на правото, неспособноста и ароганцијата на домашните политички елити, изразената корупција, криминалот и алчноста, но, делумно и поради сличните појави и однесувања во дел од ЕУ државите.

Те, зарем, истото, “недипломатски!” – директно, не го вели и еден западeн дипломат во Скопје!?

Бидејќи и самиот пишував отворено за потребата од надминување на наметнатото “стаус – кво” во соработката со бугарскиот и грчкиот народ, а во тој контекст, отворено застанав зад потпишувањето на документите кои ќе го поттикнат тоа, ред е, да се произнесам и ставовите на Коцарев, во таа смисла. Не да го бранам него, нему одбрана не му треба, ниту, пак, јас самиот, сум достоен за тоа.

Академик Коцарев, оградувајќи се од органите на МАНУ и соопштувајќи го својот личен став (на тоа има целосно право), ќе каже:

-МАНУ треба да создаде форум за отворена академска дебата на која ќе се слушнат различни мислења, а ниту една тема, па ни Преспанската спогодба не смее да се третира како табу-тема. Нема потреба од идеализираниот пристап според кој спогодбите се исклучиво штетни/корисни, спогодбите не се запишани во камен, а нивната вредност се мери само преку тоа колку даваат одговор на предизвиците и потребите на општеството.

Што има тука спорно? Кој има право да циментира табу – теми? Зошто академик Коцарев, не би смеел да изјави: “Според многу истражувања, моралните избори се возможни, „но луѓето се наклонети да ги поддржуваат професионалните“ и (не)етичките „кодови на апстрактната државна машинерија“?

Каде е проблемот, кога еден од светот признак научник, ќе цитира, друг, светски научник, а докажан Македонист? Имено, Коцарев укажува на “инхерентната поврзаност на спогодбите со Бугарија и со Грција”, за која, додава дека “веќе создава синергија која не беше предвидена или беше превидена во времето кога се потпишуваа двата договори”.

-Тука, само сакам да укажам дека за таа поврзаност зборуваше, уште во 2019, професорот Виктор Фридман. Неговите размислувања, во 2021 година, ќе бидат објавени, од реномираната англиска издавачка куќа Routledge, во книгата со наслов „Македонија и идентитетската политика по Спогодбата од Преспа“, во која е поместен неговиот труд „Чаша полна до половина, или пехар со отров? Спогодбата од Преспа и современиот македонски јазик“.

А, еве, што кажал Фридман, со кого лично се познавам, често доагаше во Охрид, одлично зборува македонски и дај боже – барем половината од нас Македончињата да и мислиме добро на Македонија, колку што и мисли професорот Фридман:

“Aко формулацијата се толкува на тој начин, или ако Северна Македонија е принудена од ЕУ да ги прифати бугарските негирања за постоењето на македонските дијалекти, тогаш Спогодбата од Преспа ќе биде повеќе пехар со отров“(завршен цитат)

Веле Митаноски

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close