Ајдари: „Беса“ е задоволна од изборниот резултат во Кичево и Пласница

 Претседателството на огранокот на Движењето „Беса“ во Кичево е задоволно од изборниот резултат што го постигнале во Кичево и Пласница.

– На овие избори се чувствуваме горди бидејќи како движење „Беса“ и како дел од коалицијата „Можеме“, успеавме да освоиме над 1200 гласа. Тоа се гласови на искрени луѓе кои му веруваат на движењето „Беса“ и на оваа коалиција, изјави Исен Ајдари, преседателот на огранокот на „Беса“ во Кичево.

Додаде дека можеби потфрлиле во регионот на Зајас и Осломеј, но оти во моментот анализираат што е причината за таквиот резултат.

Back to top button
Close