Ја голтнал дрогата кога ги здогледал полицајците, па заврши и во болница и со кривична

МВР информира дека вчера во Велес полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода М.Т.(48) и Ѓ.Д.(39), двајцата од Велес.

Според информациите, околу 09.00 часот, Ѓ.Д. бил затекнат како му продава две пакувања со кафена прашкаста материја на М.Т., кој пак ги проголтал пакувањата откако ги забележал полициските службеници, по што бил пренесен во болница во Велес.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во домот на Ѓ.Д., при што биле пронајдени и одземени 14 пакувања со кафеава прашкаста материја и пари.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Ѓ.Д. ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”, информираат од МВР.

Back to top button
Close