Аџигогов и Деановски: Да се задржи висината на декемвриската плата, штрајк нема да има

Вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) остануваат на барањето платите годинава да им бидат во висина на декемвриската плата од 2023 година, односно со утврденото зголемување од 15 отсто. Како што рече вечерва претседателот на Синдикатот на ФЗОМ Бранко Аџигогов, пари за плати има до последните два месеца во 2024 година, ноември и декември, без да се прави ребаланс или какво било префрлање на средства по ставки.

апел до минисреот за финани и идо одредени членови на УО нека остане ваква ситуацијата, да не се антагонизира и да не се плаши народ, да не нетраат да штарјкуваме., нека поминат изборите и поле ќе седнеме на маса, ќе седнат и со менаџментот и ќе се види кој и дали направил грешка.

Според претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деановски, ако продолжи исплаќањето на зголемената плата нема да има никаков проблем, ниту ќе има штрајк.

Аџигогов и Деановски кои се гости на Топ тема, повторија дека штрајк најмалку сакаат вработените во ФЗОМ.

-Да бидам јасен, последната моја плата е од декември 2023-та. Не барам ниту повеќе, ниту помалку, ниту некој вработен во Фондот тоа го бара. Бараме последната плата од декември да се исплаќа и оваа година, да си ја задржиме платата што ни беше последно исплатена, во декември, и не еднократно, туку според одлуката дека од сега платата е толку, истакна Аџигогов.

Тој дополни дека откако се зголемила вредноста на бодот во Фондот, сега се бара платите да се вратат на претходното ниво што е, оцени, многу непријатно изненадување.

И за Деановски е нелогичен потегот на Министерството за финансии (МФ).

-Најмногу ме чуди потегот на Министерството за финансии кое бара да се намалат

платите во ФЗОМ за 15 отсто што за мене е апсолутно нелогично. фондот е независна институција и во Законот за здравствено осигурвање е наведено дека платите се даваат во рамки на одобрениот буџет. Буџетот е одобрен од МФ и оваа плата, декемвриската, се исплатила со новиот буџет за 2024 година, значи МФ знаело дека ќе се исплати повисока плата за 15 отсто и сега одеднаш има соопштение од МФ дека ако се проодлжи со исплаќање на овие плати, немало да има пари за лекови и за јавното здравство, рече Деановски и додаде дека МФ нема обичај да му одговара на барањата на УПОЗ или пак му одговара, но, како што рече, по 4 – 5 месеци.

Вработените во ФЗО се заканија со штрајк ако им се намалат платите. Како што изјави завчера Аџигогов, доколку Управниот одбор на Фондот за здравственио осигурување донесе одлука за намалување на платите на вработените за 21 процент, тие ќе стапат во штрајк што подразбира дека на шалтерите ќе работи само по едно лице кое ќе прима само документација и ќе нема исплати на капитацијата за матичните лекари, за лековите за аптеки, за плати во јавно здравство, како и други услуги.

Буџетот на ФЗО е над 46 милијарда денари и од него за плати се издвојуваат 1,19 проценти.

За утре протест за примањата во јавниот сектор најави и Конфедерација на слободни синдикати (КСС

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close