Ја изгоревте мојата внука – и очекувате да молчам?“: порака од Благојчо Ѓоргиев по трагедијата во Кочани

Вашиот распаднат и корумпиран систем ми ја изгоре внуката, а ми велите да не барам правда? Грешка сте. Не само што ќе се борам, туку ќе им направам пат. Ако треба – нека ми биде последното нешто во животот.“

Ова е дел од потресната објава на кочанчанецот Благојчо Ѓоргиев – Брлог од здружението „Хендикеп“, чија внука Моника Спасова, млада мајка, беше една од жртвите во трагедијата во дискотеката во Кочани.

Ми ја одзедовте внуката што со срце и душа се запиша на факултет за безбедност. Сонуваше за правда и чесна работа. Јас ја предупредив – во тој систем нема место за чесни. Сè е корумпирано, МВР е приватна фирма. Но, не сакаше да верува“, пишува Ѓоргиев.

Моника завршила студии по криминалистика, но по завршената пракса, му се јавила разочарана:
„Вујче, во сè беше во право. Јас никогаш нема да работам во вакво МВР. Сè што видов ме згрозува.“

„Ме избра мене, вистината, затоа што никогаш не сум ја излажал. Ми рече: Секогаш ќе бидам на твоја страна“, завршува со болка Ѓоргиев.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close