Ја киднапирал, а имал и забрана да и се доближи: Нови детали вчерашниот инцидент кој го згрози Балканот

Тетовецот кој вчера застрела жена на патарина во Прешово претходно имал забрана за приближување до жртвата, јавуваат срспките медиуми.

52-годишниот Б.И., како што пишува „Ало“, ја киднапирал 30-годишната Ј.В. Илегално преминал на српска територија и под закана од пиштол под присила ја грабнал од куќата на мајка и.

Инцидентот се случи синоќа околу 21:30. Тетовецот, инаку од албанска етничка припадност, бил запрен од сообраќајната полиција. Жртвата ја искористила рутинската контрола за да истрча од него и да побегне од насилниот маж, но во моментот кога таа почнала да бега, пред очите на полициските службеници, испукал два куршуми, па си пукал во глава.

30-годишната девојка се уште е во Универзитетската болница Ниш, со тешки повреди.

Ова не бил прв инцидент меѓу насилникот и жртвата.

– Тие се запознаа во Швајцарија пред три години. Имале бурна врска и живееле заедно, а потоа таа заминала во родниот град на нејзината мајка во округот Расин. Неколку пати дошол кај неа и ја тепал заканувајќи и се дека ќе ја убие. Таа сето тоа го пријавила во полиција и тој добил забрана за приближување. Исто така, му е забранет влез во Република Србија – изјавил извор близок до случајот за „Ало.рс“.

Back to top button
Close