Ја нападнал мајка му со тврд предмет и искршил дел од покуќнината, уапсен 29-годишен скопјанец

29-годишен скопјанец е лишен од слобода во Гази Баба по пријава од неговата 81-годишна мајка дека ја нападнал во семејниот дом.

Според МВР, на 19 август околу 12 часот, М.Ј. физички ја нападнал својата мајка со тврд предмет, а притоа искршил и дел од покуќнината.

Полицијата го лишила од слобода истиот ден во 22:20 часот. По целосното расчистување и документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријавa.

Back to top button
Close