Ја нема ниту заменичката на Деркоски од ДУИ, неизвесна е денешната седница на ДИК

Неизвесно е дали членовите на ДИК ќе се соберат денеска на седница за да го ревидираат изборниот роковник, согласно со владината Уредба за изборите, а откако синоќа на полноќ заврши вонредната состојба. Веќе утре треба да почне изборната кампања, но првите луѓе на ДИК се недостапни за нивните колеги во Комисијата, пренесе 360Степени.

Проблемот е во тоа што нема кој да ја закаже седницата. Претставниците на СДСМ во ДИК не можат да го најдат претседателот Оливер Деркоски, а недостапна, според наши информации, е и потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху, која е од редовите на ДУИ.

Како што велат во ДИК, според Деловникот на Комисијата, седниците ги закажува и ги води претседателот, а во негово отсуство таа обврска ја добива потпретседателот на Комисијата. Иницијатива за седница, пак, може да даде кој било член на ДИК.

повеќе

Back to top button
Close