ЈА ПРЕТЕПАЛ И Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО НОЖ Скопјанка пријавила физички напад од нејзиниот сопруг
30-годишна жена од Скопје пријавила дека во домот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот сопруг.
„Вчера во 12.00 часот во СВР од страна на жената било пријавено дека нејзиниот сопруг А.В.(40) од Скопје ја претепал и ѝ упатил и закани со остар предмет“, информираа од МВР.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.