Ја тепал, ја удирал со тврд предмет и и се заканувал со оружје, жена со тешки повреди примена на клиника

На 01.03.2026 во 21:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 40-годишниот Ц.Н. од скопско село, по претходна пријава за семејно насилство.

Според пријавата, тој во текот на претходната недела физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга, при што употребил и тврд предмет, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а ѝ се заканувал и со огнено оружје.

По целосно документирање на случајот, против Ц.Н. ќе следува соодветна кривична пријава објави Скопје1.мк

Back to top button
Close