Ја води СДСМ кон исчезнување. Шилегов го нападна Филипче, не одрабтувал под вмровски диктат против партијата

Поранешниот градоначалник на Скопје и истакнат член на СДСМ Петре Шилегов побара оставка од актуелното раководство на партијата поради катастрофалните резултати од работењето на партијата. Во остриот телевизиски настап што го имаше во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма, Шилегов го обвини лидерот на СДСМ Венко Филипче дека ја води партијата кон исчезнување.
„Да ја сведете поддршката на партијата на само стотина илјади гласови и само 15 пратеници, да станете петаа партија во Скопје, трета во Македонија, што е тоа ако не катастрофа “– рече Петре Шилегов во настап на емисијата Топ Тема на телевизија Телма
– Ќе дојде до определени барања не само од моја страна, туку од сериозна групација во партијата, меѓу кои има и актуелни пратеници, кои исто така немаат никаква комуникација со раководството. Кога ќе излезат од партијата дел од пратениците, можеби половина од пратеничката група, кога дел од општинското раководство ќе ви ги затвори вратите, тогаш ќе сфатите дека мора да си заминете од функција – рече Шилегов.
Ниту јас лично, ниту луѓето на кои им значи СДСМ не треба да работат против партијата, рече Шилегов, кој истакна дека темата дека овој конгрес ќе биде успешен или неуспешен е лажна.
Според него, ако успее конгресот ќе биде само верификација на она што го нарекуваме „погрешни политики“ кои се водат во изминатиот период.
Шилегов рече дека ова ќе биде трет неуспешен конгрес по ред, по еден неодржан, истакна дека немало отчетен конгрес за причините по исходот на изборите во 2021, како и по парламентарните избори 2024.
„Според сознанијата што ги имам до делегатите и општинските организации сѐ уште не се пристигнати конгресните материјали и заклучоци“, рече Шилегов.
Тој смета дека е очигледно дека неколку одлуки се донесени во тесен партиски круг на неколку луѓе. Органите на партијата не донеле одлука за поддршка или не за проектот „Безбеден град“. Венко сам и носи одлуки, изјави Шилегов кој во целост ја оспорува легитимноста на конгресот на Филипче.
„Убеден сум дека со вакво ВМРО-ДПМНЕ, ако се консолидираме за два месеци, на следните избори може да го поразиме. Поразително е да имате мнозинско опозициско расположение, а како опозициска партија СДСМ, да се борите со ДУИ и Левица, за втора и трета опозициска партија, а не да биде лидер на опозицијата. Ако дојде до брза промена на раководењето и креирањето на политики на СДСМ, јас ви гарантирам дека на следните вонредни избори, ваквото неспособно ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ќе го порази“, потенцираше Петре Шилегов во настап Топ Тема на телевизија Телма.
Тој одговори на нападите од СДСМ дека „одработува за ВМРО-ДПМНЕ“ или дека „станал вмровец“ оценувајќи дека тие се обиди за лична дискредитација и дисквалификата и импутирања, кои се резултат на тоа што раководството нема што да одговори на неговите критики, аргументи и тези. „Кога немате што да му одговорите во тезите на Шилегов, ќе измислувате се и сешто, дека како адвокат сум работел за вмровски претпријатија, дека сум пиел, тоа е резултат на немање аргументи. Јас очекувам такви напади и после ова интервју, особено на социјалните мрежи“, рече поранешниот градоначалник на Скопје во настапот на Телма.






