Ја заклучил во канцеларија,и се заканувал со нож и ја испрскал со средство за чистење. Хорор во здравстена установа во Велес
Како што информира денеска МВР, жената пријавила дека М.П. на работното место во здравствена установа во Велес ја заклучил во една од просториите. Според пријавата, М.П. кршел предмети, физички ја нападнал и се заканил со остар предмет и со средство за чистење ја испрскал во очите.
М.П. бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






