АА: Без срам денеска излегоа главните виновници што Струга стана црна овца!

Без срам денеска излегоа главните виновници што Струга стана црна овца, како што сами се изјаснија, и дека стружани живеат во хаос и без перспектива, и се пофалија со сопствениот криминал, обидувајќи се да ги измамат граѓаните, реагира Алијанса за Албанците по соопштението од кабинетот на вицепремиерот Артан Груби дека градоначалникот Рамиз Мерко започнал со уривање на легално изградени платформи на Езерото.

„Во Струга главен проблем не се шесте платформи во езерото, туку целосното бетонирање на крајбрежјето Ова се потврдува лесно, само со една прошетка покрај кејот. Да одговараат за палење на трската околу кејот предизвикувајќи еколошка катастрофа и е непоправлива штета на флората и фауната. Денес, Мерко призна дека веќе четири години немал план за развој на туризмот за младите и жителите на Струга, најавувајќи дека на крајот на мандатот ќе бара од владата и УНЕСКО да има дадат план. Денешната фарса за отстранување на платформата е нешто познато за ДУИ. Тие секогаш неколку месеци пред изборите глумат решавање на проблемите камуфлирајќи и покривајќи ги проблемите. Се обидуваат да се прикажат дека чистат депонии обидувајќи се да ги маскираат нивните злосторства, со цел да постапат на функција и да се вратат во старите методи на управување, со криминал, хаос, диви депонии корупција и лошо менаџирање. Жителите на Струга, не може ниту да ги измамите, ниту да има ја потцените нивната интелигенција“, вели Имер Имери од Алијанса за Албанците.

Back to top button
Close