АА со осуда на вандализмот, говорот на омраза и навредите кон Албанците на протестите

Алијансата за Албанците ги осудува насилните и вандалските дејствија за време на последните протести, особено говорот на омраза и навредите кон Албанците.

Апелираме до одговорните институции да реагираат и да си ја вршат работата онака како што налага законот, да ги запрат и казнуваат овие појави и нивните автори.

Апелираме до граѓаните воопшто да покажат претпазливост и да не паѓат на вакви провокации, а политичките актери да бидат внимателни во своите јавни изјави и да не стануваат причина за дејствија кои го загрозуваат имиџот на државата и меѓуетничките односи во земјава.

Алијансата за Албанците

Back to top button
Close