AA: Судот ги изедначи осудените за тероризам со учесниците во протестите на 27 април

 

Организаторите на 27 април кои добија вкупна казна од 25 години затвор, но на кои ќе им биде пресметан и куќниот притвор, ги изедначува осудените за тероризам со учесниците во протестите, реагираат од Алијансата за Албанците, чиј претседател Зијадин Села беше најтешко повреден на „крвавиот четврток“. Од партијата на Зијадин Села велат дека секое прекршување на законот, а посебно ваквите терористички дела, заслужуваат да бидат казнети со цел да се извлече поука за во иднина.

-Фактот дека дел од казните за организаторите на 27 април ќе биде пресметан како куќен притвор, ги изедначува осудените за тероризам со учесниците во протестите… Кога ќе се потсетиме како избега главниот организатор, Никола Груевски, како Сашо Мијалков го прогласија за невин во еден друг случај, а пак Агим Нухиу како Министер за внатрешни работи не беше ниту под истрага и одговорноста беше оставена само на неговиот заменик, Чавков, потоа законот за амнестија кон двајцата пратеници, Крсте Мукоски и Сашо Василевски што ги отворија вратите на Собранието за да толпата влезе внатре, што беше докажано и на денешното судење, додека Фета Алими го казнија неправедно, потоа како Талат Џафери го спаси Велјановски од одземањето на имунитетот, прегратките на Артан Груби со синот на Мијалков, фактот што Груевски беше информиран од страна на еден функционер на ДУИ и многу други слични дела и одлуки, денешната судска одлука воопшто не нè изненадува. Сепак, оваа вест потврди една вистина околу која веќе никој нема да има дилеми. Денешниот хибриден режим бил и ќе остане тесно поврзан со главните лидери на поранешниот режим, додека овие два режими имаат еден заеднички именител, политичката партија – Демократска Унија за Интеграција, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.

 

Back to top button
Close