АА Тетово: Се уште нема позиција за поддршка на ниту еден кандидат во вториот круг

Огранокот на Алијанса за Албанците во Тетово ја известува јавноста дека се уште не зазела став за можна поддршка на едниот од двајцата кандидати за градоначалник во вториот круг од локалните избори за Општина Тетово, се вели во соопштението на тетовскиот огранок.

– За ова ќе одлучуваат централните тела на партијата по претходни консултации со сите страни. Воедно ја информираме јавноста дека Алијансата за Албанците е заинтересирана да падне корумпираната и криминализирана власт на ДУИ во Тетово, Струга, Чаир, Теарце и Боговиње, но ДУИ конечно паѓа кога ќе падне Владата. Во согласност со ова ќе биде нашето однесување за вториот круг, велат од Алијансата за Албанците – Тетово.

Back to top button
Close