ААА: Спасовски испровоцира инциденти со тоа што го спречи правото на протест
Алијанса на Албанците и Алтернатива остро реагираат на спречувањето на демонстрантите да ја продолжат најавената рута кон Судот, Собрание и Влада на денешните насилни демонстрации кај Мавровка.
Партијата обвинува дека со тоа министерот Оливер Спасовски провоцирал инциденти.
–Денес, кога беше предвидено да се одржи најавениот мирен протест против одлуката на монтираниот процес „Монструм“, полицијата на Оливер Спасовски се погрижил да го спречи овој протест и, дури, со таквото спречување, да провоцира несразмерни инциденти. Така, и покрај барањето на организаторот, семејството на казнетите во случајот „Монструм“, кои претходно го информирале Министерството за внатрешни работи за организирање на протестот, полицијата – со големо засилување со блиндирани возила и специјални единици – не им го допушти патот и така ги спречи протестантите да стигнат до нивната дестинација. Како што знаеме, секаде во светот протестантите се тие кои го одредуваат местото на одржување на протест и во секоја демократска држава на светот тие, освен информирање на полицијата, немаат никаква друга обврска, се вели во реакцијата.
Според двете партии, на повидок е нов режив во Македонија.
–Затоа, за коалицијата Алијанса за Албанците & АлтернАтивА денешната сцена на скратување на правото за протест е уште еден доказ дека по падот на режимот Груевски-Ахмети, на повидок е новиот режим Заев-Ахмети. Исто како и бандите на Груевски некогаш, така и денес полицијата, на место да биде на страна на граѓаните, таа ги спречи граѓаните во нивното слободно изразување на јавно мислење и на правото за мирен протест. А оваа појава се именува само како диктатура. Ни помалку ни повеќе. За потсетување, вакви сцени денес може да гледаме само во Белорусија, Венецуела и Русија. А дали оваа зборува за нови сојузници на овој режим или пак ова е само вежбање врз грбот на Албанците, тоа треба да го објаснат тие кои ја користат полицијата на народот против народот.