АБА лига се прошири, но без македонски екипи
Во новата сезона од АБА лигата членови ќе бидат романскиот Клуж и австриската екипа Виена, како и Босна и Илирија кои преку АБА 2 лигата изборија пласман во елитното балканско натпреварување.
Лигата ја напуштаат Цибона и Морнар како две најслабопласирани екипи од изминатата сезона.
Новина во АБА лигата ќе биде и поделбата во две групи на екипите за сезоната 2025/26. Со новиот број на екипи вкупно 18 ќе значеше и дополнителни четири натпревари. Ова пред се ќе беше проблематично за тие екипи што имаат настапи и во европските купови.
Но, со поделбата на две групи екипите ќе имаат помал број натпревари во сезоната. Секоја од групите ќе има по девет екипи.
И во новата сезона нема да има македонски претставници во елитното АБА натпреварување.