Аца Лукас: Ноќеска се обидоа да ме убијат!

Српскиот пејач Аца Лукас објави на Инстаграм дека синоќа засега непознати лица се обидоа да го убијат на Јахорина.

– По синоќешниот настап на Јахорина, се обидоа да ме убијат мене и мојот возач, едвај се спасивме живи. Се обидоа да нè убијат, напиша Лукас на Инстаграм.

Пред помалку од два месеци, фотографија од Насер Ориќ и Аца Лукас, која се појави на социјалните мрежи, предизвика бура од коментари и бројни реакции.

Поради оваа ситуација, Јахорина официјално го откажа настапот на Лукас на својот Инстаграм профил

Back to top button
Close